Сензација во Турција: Галатасарај го купи Угурџан Чакир за 33 милиони евра

Турскиот фудбалски шампион Галатасарај го комплетираше трансферот на репрезентативниот голман Угурџан Чакир од Трабзонспор. Трансферот е вреден неверојатни 33 милиони евра, со што Галатасарај постави нов рекорд.

​Оваа одлука доаѓа откако Галатасарај не успеа да ги доведе своите првични цели. Клубот беше заинтересиран за аргентинскиот светски шампион Емилијано Мартинез од Астон Вила, но трансферот пропадна. Потоа се обидоа да го ангажираат Едерсон од Манчестер сити, но тој на крајот заврши во градскиот ривал, Фенербахче.

​Раководството на Галатасарај, фрустрирано од неуспесите, одлучи да го отвори „кесето“ за да го доведе моментно најдобриот турски голман.

​На својата официјална веб-страница, Галатасарај ја потврди сумата, наведувајќи дека станува збор за 27 милиони евра фиксна сума, плус дополнителни бонуси.