Сеуште се трага по 52 годишниот нуркач Танчев кој исчезна кај Трпејца

52-годишниот Илија Танчев од Пловдив е лицето што исчезна при нуркање во Охридското Езеро. Според извештаите, тој во петокот пристигнал во Охрид, а пред тоа на својот Фејсбук-профил објавил фотографија од неговата нуркачка опрема.

​Во саботата, Танчев нуркал со пријател, локален жител. Кога не успеал да излезе на површина, пријателот го пријавил случајот кај надлежните служби.

​Во потрагата се вклучени тимови на Црвениот крст, Езерската полиција и локалниот нуркачки клуб „Амфора“. Засега нема никаква трага од исчезнатиот нуркач.

​Според информациите на бугарската телевизија bTV, неговите траги се губат на голема длабочина од 89 метри.