Се Обидел да украде нафта од училиште: Приведен скопјанец во Сандево

Полицијата синоќа околу 21:25 часот го лишила од слобода А.Ш. (41) од Скопје под сомнение дека извршил кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик.

​Според информациите, А.Ш. бил затекнат во дворното место на основното училиште во скопското село Сандево, додека одземал нафта од резервоарот на училиштето.

​Одземената нафта е вратена на одговорното лице од училиштето. По извршениот увид и целосното документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.