Општина Центар работи на обнова на паркинг-просторот на улицата „Петар Поп Арсов“, зад објектот „Вучко“.
Во тек е асфалтирање и уредување на паркингот со површина од 550 квадратни метри. По завршувањето на градежните работи, следува обележување на паркинг-местата, со што просторот ќе биде целосно подготвен за користење.
Според Општината, реновирањето се спроведува на барање на жителите кои се соочуваат со недостаток на паркинг-места и хаотично паркирање.
Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека со овој зафат им се излегува во пресрет на потребите на граѓаните, со цел да се овозможи „организирано и поефикасно паркирање“ и да се создаде „безбеден и уреден простор“.
Оваа инвестиција е дел од караванот „Се гледаме во маало“, преку кој Општина Центар продолжува со подобрување на урбаната и комунална инфраструктура.