​Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Евија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според грчкиот Институт за геодинамика, односно 5,2 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), ноќеска го погоди грчкиот остров Евија.

​Земјотресот се случи околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето, на 4 километри од брегот на Неа Стира и на 45 километри североисточно од Атина, каде што исто така бил силно почувствуван.

​Засега нема информации за жртви или материјална штета, а градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави дека иако земјотресот бил многу силен, нема пријавени штети.

​Грција е земја со честа сеизмичка активност поради нејзината локација на неколку геолошки раседи.