Симоновски го прозва градоначалникот на Ѓорче Петров за неизградена улица

Кандидатот за советник во Град Скопје од СДСМ, Горан Симоновски, остро го критикуваше градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, за неизградбата на улица долга само 180 метри.

​Во видео порака на социјалните мрежи, Симоновски саркастично нагласи дека на власта ѝ биле потребни шест месеци, а сепак не успеале да завршат толку мал проект.

​„Шест месеци! Само шест месеци им требаше на овие големи визионери да не успеат да завршат улица од 180 метри“, рече Симоновски, прашувајќи што може да се очекува од власта за четири години, кога не може да се справи со толку мал проект.

​Според Симоновски, оваа неизградена улица стана симбол на неспособноста на актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ во општината.