Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, има катастрофален учинок од неговото доаѓање во Премиер лигата. По очајната прва сезона, тој ужасно ја започна и оваа, освојувајќи само четири бода во првите четири кола, што го позиционира тимот на 14-то место на табелата.
Неговиот биланс во Премиер лигата со Јунајтед е само 8 победи, 7 нерешени и дури 16 порази, со негативна гол разлика од -13.
Процентот на победи на Аморим во Премиер лигата е мизерни 25,8%.
Неговиот вкупен процент на победи од кога е на клупата на „црвените ѓаволи“ е 36,17%, што го прави најлошиот менаџер на клубот од Втората светска војна наваму.
За споредба, Ерик тен Хаг, неговиот претходник, е на трето место на оваа листа со дури 54,69% победи.