На дводневната седница на Централниот комитет на партијата „Единствена Македонија“ во Охрид беа донесени неколку кадровски одлуки.
- За нов генерален секретар е избран Милан Јовчески.
- За член на Извршниот комитет е избран Вилијам Михајловски – Гајда, кој во моментов е на издржување затворска казна. Тој ќе ја води и партиската Комисија за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници.
Партијата соопшти и дека се утврдени 29 кандидатски листи за претстојните локални избори, а во наредниот период се очекуваат уште шест. Исто така, донесена е одлука и за кандидат за градоначалник на Град Скопје, но името сè уште не е објавено.