Невиден скандал го тресе здравствениот систем во Прилеп! Двајца службеници од Општата болница „Борка Талески“ се осомничени дека со месеци краделе пари од пациенти – и тоа не било какви, туку пари за партиципација и здравствени услуги!
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против И.М. и С.Ч., кои, според првичните информации, „печеле“ директно од болничката благајна. Во периодот од август 2024 до април 2025 година, тие наводно си присвоиле вкупно 2.269.317 денари – сума која треба да заврши во болничкиот буџет, а завршила… во нивните џебови!
Првопријавениот, И.М., се сомничи дека „подигнал“ дури 1.991.240 денари, додека второпријавениот, С.Ч., не заостанувал – со 278.077 денари.
Од Финансиската полиција велат дека скандалот е сериозен удар за довербата во институциите, а болницата останала без огромни средства токму во време кога недостигаат ресурси за лекување.
Според информациите, едно од лицата утрово е приведено и веќе изведено пред јавен обвинител.
До кога граѓаните ќе плаќаат, а некој ќе си ги собира парите како свој личен ќар?
Ќе има ли вистинска одговорност или ова ќе биде уште една заташкана приказна од македонската хроника на корупција?