Скопјанецот Андреј Стојановски прв доплива до чесниот крст во Бар, Црна Гора

По повод Богојавление, вчера на Градската плажа пред Дворецот на кралот Никола во Бар се одржа традиционалното фрлање за Чесниот крст.

Учествуваа повеќе од 200 пливачи од сите генерации, а фрлањето беше проследено и од брегот каде имаше голем број гледачи и поддржувачи.

До крстот прв доплива дваесетгодишниот Андреј Стојановски од Скопје, Северна Македонија. Тој е студент на Факултетот за туризам во Дубровник, а како што изјави неговата мајка, ова му е четврти пат да плива за крстот.

Двапати пливал во Охрид и еднаш во Дубровник. Од Скопје допатувал специјално во Бар за да плива за Богојавленскиот крст, и на негово големо задоволство, прв стигнал до него.

Најмладиот учесник беше едногодишниот Вукан Мирановиќ, а најстариот седумдесет и шестгодишниот Мило Драговиќ.