СКОПЈЕ ВИА СО КОНЦЕРТ ВО БУДИМПЕШТА – „ЏИПСИ ПРОЕКТОТ“ ГО ОСВОЈУВА ЕВРОПСКИОТ ПРОСТОР

Македонскиот бенд „Скопје Виа“ продолжува со својот впечатлив подем на европската музичка сцена. На 15 октомври, бендот ќе одржи голем концерт во Будимпешта, во рамки на турнејата со проектот „Џипси“, кој со својата автентична енергија и препознатлив звук полека, но сигурно, го освојува европскиот простор.

„Скопје Виа“ е музички проект оформен како симбиоза на искуство, креативна визија и сценска енергија. Бендот претставува уникатен спој на автентичен израз и современа уметничка форма, инспирирана од балканската и ромската музичка традиција. Преку „Џипси“ проектот, музичарите ја истакнуваат слободата, темпераментот и емоционалната длабочина на оваа културна матрица, преточена во свеж и експресивен звук.

Бендот го сочинуваат врвни инструменталисти и изведувачи:
Мишел Трајковски – хармоника, Јана Стојановска – вокал, Хилми Баки – виолина, Никола Петрушевски – кларинет, Пате Конга – перкусии, Кирил Златановски – бас гитара и Марче – гитара.

По концертот во Будимпешта, „Скопје Виа“ најавува нова авторска песна во соработка со легендарниот актер и музичар Раде Шербеџија, која се очекува да привлече големо внимание на регионалната сцена.

Последната авторска песна на бендот, „Под ова небо“, ја освои публиката уште по првото слушање со својата искреност, емоција и автентичен музички потпис.

„Скопје Виа“ досега има издадено повеќе авторски композиции и преработки што го освоија интернет просторот со својот балкански ритам и непогрешлива комбинација на етно, џипси и џез елементи.

Воден од мотото „Being Gypsy is a state of the soul“, бендот „Скопје Виа“ претставува уметнички концепт што го слави богатството на духот, културната разновидност и силата на музиката како универзален јазик кој ги поврзува луѓето