СКОПЈЕ ВИА СО КОНЦЕРТ ВО PUBLIC ROOM НА 21 НОЕМВРИ – ВЕЧЕР НА СИЛНА ЕМОЦИЈА И АВТЕНТИЧЕН ЗВУК

По успешните настапи низ регионот и неодамнешниот концерт во Будимпешта, македонскиот бенд „Скопје Виа“ најавува уште едно музичко доживување – концерт во скопскиот Public Room на 21 ноември.

Публиката ќе има можност да ужива во препознатливата енергија на бендот, кој преку својот „Gypsy Project“ создава вистински спој на традиција, современост и емоција. Настапот ветува вечер исполнета со автентични звуци, страст и уметничка слобода, по кои „Скопје Виа“ стана синоним на македонската world music сцена.

Бендот го сочинуваат врвни музичари со богато искуство и непогрешлива сценска харизма:

Мишел Трајковски – хармоника, Јана Стојановска – вокал, Хилми Баки – виолина, Никола Петрушевски – кларинет, Пате Конга – перкусии, Кирил Златановски – бас гитара и Марче – гитара.

На концертот, покрај нивниот веќе препознатлив репертоар, ќе биде изведена и најновата авторска песна „Под ова небо“, која по првото слушање ја освои публиката со својата искреност, емотивност и впечатлив музички потпис.

„Скопје Виа“ е бенд кој го носи духот на Балканот, преточен во современа музичка естетика – спој на етно, џипси и џез влијанија, под заедничкото мото:

„Being Gypsy is a state of the soul“.

Настанот во Public Room е можност љубителите на квалитетната музика да доживеат една вистинска музичка приказна што ја слави различноста, емоцијата и заедништвото преку звук.