Македонија добива нов музички бран
Скопје Виа е новата музичка сензација на овие простори. Етно акустичен состав со препознатлив џипси џез звук кој ја преставува својата прва авторска песна ,,Под ова небо”
Овој уникатен џипси џез оркестар комбинира театарска експресија, џипси џез дух и современ балкански звук, a наскоро најавува нов музички албум и многу хитови.
Вокален изведувач е актерката Јана Стојановска која е позната по својот сценски инстикт и силен емоционален израз кој го носи духот на театарот во музиката a и воедно е и текстописец на новиот хит ,,Под ова небо”.
Музиката и аранжманот се дело на хармоникашот и композитор Мишел Трајковски.
Промоцијата на песната и првиот официјален концерт се одржа во Скопје a многубројната публика уживаше во нивниот автентичен настап.
Бендот настапува во акустичен состав со врвни музичари:
Хилми Баки – Виолина
Никола Петрушевски – Кларинет
Влатко Пате – Ударни инструменти
Кирил Златановски – Контрабас
Ташко Грујоски – Гитара
Васил Потиров – Гитара
Видео записот е во режија на Илија Каров
Директор на фотографија, камера оператор и монтажа – Никола Грнчаров
Камера оператор – Александар Пауновски.