Скопје домаќин на иднината: Центар дел од Европскиот младински олимписки фестивал 2025

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на свеченото отворање на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025, каде над 4.000 млади спортисти од цела Европа ќе се натпреваруваат во 15 дисциплини.

„Чест ми беше да бидам дел од овој историски настан. Македонија годинава учествува со рекорден број спортисти, а меѓу нив со гордост ги издвојуваме и младите надежи од Центар! На сите учесници им посакувам успех, фер-плеј и незаборавни мигови – ова е победа за сите нас!“, порача Герасимовски.

Фестивалот претставува мост на пријателства, спортски дух и иднина – а Скопје е срцето што пулсира со енергијата на младите.