Скопје утрово се најде на четвртото место на листата најзагадени градови во светот, со индекс на загаденост од 187, покажаа податоците од платформата IQAir. Пред Скопје се само Дака, Лахор и Делхи.
Загриженоста расте кај граѓаните, кои се жалат на отежнато дишење поради смогот и загадениот воздух кои се постојан проблем во зимските месеци. Густата магла и високиот процент на PM2.5 честички се проблем особено за хронично болните лица, децата и постарите