Словачкиот претседател Петер Пелегрини денеска во официјална посета на земјава

Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

​По церемонијалниот пречек во Кабинетот на претседателката, предвидени се следните активности:

  • ​Тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели.
  • ​Пленарен состанок на македонската и словачката делегација.

​Потпишување Меморандум за соработка во областа на економијата од страна на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и словачкиот министер за економија Владимир Шимоњак.

​Заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пелегрини.

​Во рамки на посетата, словачкиот претседател ќе го посети и Собранието, каде што ќе има средба со претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.

​Пелегрини, исто така, ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.