​Службените возила ќе добијат црвени регистарски таблички

Сите службени возила во Македонија ќе мора да бидат обележани со нови црвени регистарски таблички, соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски.

​Институциите имаат рок до 15 септември да го спроведат брендирањето, а доколку не го сторат тоа, ќе следува и трет, последен рок до 29 септември.

​„Доколку некој се обиде да избегне брендирање, кога ќе му дојде време за регистрација, сепак ќе ги добие овие таблици“, изјави Томовски.

​Новото правило ги опфаќа сите возила во државна сопственост – од владините и општинските, до оние на јавните претпријатија. Исклучок ќе биде направен за дел од возилата на МВР и АНБ.

​Точниот број на службени возила во земјата не е познат, но се проценува дека се движи меѓу 7.000 и 7.500.

​„Ќе оставиме простор до понеделник сите институции да се огласат и да информираат за постапката“, додаде Томовски.