Македонската берза донесе одлука за исклучување од котација на обврзниците издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола, поради отворање на стечајна постапка против компанијата.
„На седницата одржана на 26 мај 2025 година, Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за исклучување од котација на обврзниците со шифра SNBTO, издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола, поради стечај на Друштвото“, информираа од Берзата.
Со оваа одлука, обврзниците се отстранети од Официјалниот пазар на Македонската берза од 27 мај 2025 година.
Дополнително, поради исклучувањето на овие хартии од вредност, СН Осигурителен брокер ќе биде избришан и од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб-страницата на Берзата, во согласност со член 61-а од Правилата за котација.