Македонија денес ќе се капе во сонце, со температури кои ќе се искачат до 28 °C. Според прогнозата на УХМР, очекувајте претежно сончево време со мала до умерена облачност, која ќе се зголемува кон крајот на денот.
Во Скопје, утрото ќе започне свежо со 8 °C, но попладнето ќе донесе вистинска пролетна топлина до 28 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Но, уживајте додека трае! Од среда следува нова метеоролошка епизода: нестабилно време, локални врнежи и грмежи. Температурите ќе растат до петок, а потоа – мал пад за викендот.