​Сончево и многу топло време со температури до 40 степени

Денешниот ден ќе биде сончев и исклучително топол. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе се движат од 12 до 21°C минимална и од 32 до 40°C максимална.

​Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде 17°C, додека максималната ќе достигне до 39°C.

​Временска прогноза за наредните денови

​Оваа седмица, Македонија ќе остане под влијание на многу топла воздушна маса. Времето ќе биде сончево и топло, со умерена облачност во текот на денот и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.