Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрово е ведро и посвежо, додека преку денот ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од 5 до 15 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе достигнат од 26 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со минимална температура од 12 степени и максимална до 32 степени.
Според прогнозата на УХМР, сончевото и топло време ќе се задржи до средината на следната недела. Од среда се очекува зголемување на облачноста и постепено опаѓање на дневната температура, со слаб до умерен јужен ветер.