Денешниот ден ќе биде претежно сончев, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени, додека утринската ќе падне до 1 степен во најстудените места.
Минималната температура низ државата ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе достигне 4, а максималната дневна температура ќе се искачи до 18 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно време проследено со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер.
Сепак, веќе во среда се очекуваат локални врнежи од дожд. Од четврток пак, дневната температура ќе биде во пораст.