​Сообраќајна несреќа во Илинден: Две малолетни лица со тешки повреди, приведен возачот

Две малолетни лица се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во селото Марино, општина Илинден.

​Во несреќата учествувале патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски таблички, управувано од С.Ј. (36) од Гевгелија, и мопед управуван од 16-годишник од село Идризово.

​Малолетниот возач на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка се здобиле со тешки телесни повреди, кои им се констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Возачот на автомобилот и неговиот сопатник се со полесни повреди.

​По извршениот увид, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица под сомнеж за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.