Предмалку, пред мостот кај ресторанот „Мост“ во Истибања, се случи сообраќајна несреќа во која автомобил удри во моторциклист.
Според првичните информации, моторциклистот е повреден и со итна медицинска помош е пренесен во болница. Полицијата изврши увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините за настанот.