Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу пладне на раскрсницата кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски“ во центарот на Скопје.
Во несреќата учествувале такси возило и автомобил марка „БМВ“. Причинета е сериозна материјална штета, но до овој момент нема информации за повредени лица.
Поради несреќата, сообраќајот во овој дел од градот се одвиваше отежнато.