На 29.09.2025 година, во Полициската станица Центар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени за сума од 10.000 евра со добро познатата измама со лажна сообраќајна несреќа.
Според пријавеното, непознато лице телефонски им се јавило и се претставило како полициски инспектор. Лицето ги известило дека нивната внука предизвикала сообраќајка во која прегазила и усмртила малолетник, и дека за да избегне кривична одговорност, мора веднаш да ги дадат парите.
Повозрасните сопружници ги однеле парите на договореното место. Откако се вратиле дома и стапиле во контакт со внуката, сфатиле дека се измамени.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.