Сојуз на стопански комори: Разговор со бизнис делегација од Дубаи за економска соработка

Претседателот на Сојузот на стопански комори (ССКМ), Горан Ѓорѓиевски, на покана на претседателот на Владата, присуствуваше на средба со Мохамед Али Рашед Лута, претседател и главен извршен директор на Стопанската комора на Дубаи.

​Средбата се фокусираше на унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Дубаи, со цел да се поттикнат трговските текови, да се разменуваат знаења и искуства, како и да се создадат нови можности за македонските компании.

​Од ССКМ нагласуваат дека е клучно да се изградат долгорочни партнерства меѓу стопанствата на двете земји за да се поттикне економскиот развој и да се обезбеди одржлив просперитет.