Спасовски го честиташе празникот Свети Јоаким Осоговски заштитник на Крива Паланка

Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, денеска присуствуваше на Света Божествена Литургија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, по повод празникот посветен на светецот, кој е патрон на манастирот и заштитник на градот.

​На литургијата, покрај Спасовски, присуствуваа и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, како и пратеникот Љупчо Николовски.

​Во својата објава, Спасовски го опиша Свети Јоаким Осоговски како голем светец, чии подвизи се пример за сите генерации.

​Тој им посака добро здравје и духовен мир на сите православни верници, честитајќи им го празникот.