​Србија елиминирана од Финска на Евробаскет 2025

Првиот фаворит за златото на Евробаскет 2025, селекцијата на Србија, доживеа изненадувачка елиминација во осминафиналето, откако загуби од Финска со 92:86.

​Финците покажаа дека не се оптоварени со улогата на аутсајдер и уште од самиот почеток наметнаа силен ритам. Првата четвртина ја решија во своја корист со 28:24. И покрај подобрата игра на Србија во вториот дел, Финска на полувреме замина со предност од 54:48.

​Во второто полувреме, Финска успеа да ја задржи контролата над натпреварот и ја елиминираше Србија.

​Најдобри стрелци

​Финска:

  • ​Лаури Марканен со 29 поени
  • ​Јантунен со 15 поени
  • ​Миро Литл со 13 поени

​Србија:

​Никола Јокиќ со 33 поени

  • ​Јовиќ со 18 поени
  • ​Добриќ со 9 поени