Србија ја победи Летонија, Јокиќ постави нов рекорд

Српската кошаркарска репрезентација ја победи Летонија со 84:80 во дербито од групата А, забележувајќи го својот трет триумф.

​Најзаслужен за победата беше Никола Јокиќ, кој постави нов рекорд за српскиот национален тим со постигнати 39 поени. Со овој резултат, тој го надмина својот и претходниот рекорд на Милош Теодосиќ од по 32 поени. Јокиќ натпреварот го заврши и со 10 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.

​Покрај Јокиќ, двоцифрени во српскиот тим беа и Филип Петрушев со 12 поени и Марко Гудуриќ со 11 поени.

​Во летонскиот тим, најдобри беа Давис Бертанс со 16 поени и 10 скока, додека Кристапс Порзингис постигна 14 поени.