Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова.
На состанокот се разговарало за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји, како и за преземање на европски практики во функционирањето на локалната самоуправа.
Ѓорѓиевски истакна дека Словачка е пријателска земја која поминала низ процеси од кои Македонија може многу да научи. Тој изрази верување дека оваа средба ќе биде основа за понатамошна соработка и поддршка, во интерес на граѓаните.