Средба на гувернерот Славески со словенечкиот амбасадор

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се сретна со словенечкиот амбасадор, Грегор Прескер, и економскиот советник Горан Криж. На средбата се разговараше за улогата на Народната банка во одржувањето на макроекономската стабилност и за важноста на довербата во финансискиот систем за економскиот развој и инвестициите.

​Гувернерот Славески ја истакна посветеноста на Народната банка кон овие принципи, а воедно се осврна и на заложбите за намалување на надоместоците на банкарските услуги, со цел да се направат финансиските услуги подостапни за сите.

​Амбасадорот Прескер ги нагласи добрите економски врски меѓу двете земји, особено во финансискиот сектор, каде што се активни голем број словенечки компании. Тој изрази задоволство од заложбите на Народната банка и ја потврди понатамошната поддршка од Словенија, вклучително и преку Центарот за обуки ЦЕФ.

​Средбата е оценета како можност за продлабочување на билатералните односи и унапредување на соработката меѓу двете земји.