Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави анализа која, според нив, ги демантира тврдењата дека зголемувањето на минималната плата предизвикува затворање на фирми и уништување на економијата. Напротив, податоците покажуваат дека растот на платите создава услови за развој и отворање на нови компании.
Анализата, базирана на податоците од Централниот регистар, ги прикажува следните бројки:
- 2022 година: По зголемувањето на минималната плата од 15.194 на 18.000 денари, беа отворени 7.062 нови фирми, а затворени 5.694.
- 2023 година: Со раст на минималната плата на 20.175 денари, бројот на новоосновани фирми остана 7.062, додека бројот на затворени се намали на 3.372.
- 2024 година: По зголемувањето на платата на 22.567 денари, имало 6.627 нови фирми, а само 2.891 затворени.
ССМ ги обвинува работодавачите и одредени експерти дека шират лажни тврдења со цел да спречат раст на платите. Според синдикатот, овие бројки се силен аргумент за продолжување на процесот на зголемување на минималната плата и на сите останати плати.
Сојузот на синдикати испрати јасна порака:
- До работодавачите – да обезбедат достоинствени плати на работниците.
- До Владата – да застане на страната на работниците и да обезбеди континуиран и системски раст на платите за сите.
ССМ нагласува дека работниците не смеат да живеат со најниски примања во регионот и бара праведна распределба на профитот.