Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека максималните ќе достигнат од 16 до 24 степени, информира УХРМ.
Во Скопје се очекува сончево време со повремена облачност и слаб до умерен ветер од север. Температурите ќе се движат од минимални 7 до максимални 24 степени.
Кон крајот на четврток, во текот на ноќта и во петок, под влијание на влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. За време на викендот, времето ќе остане променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.