Столе Димитриевски останува во Валенсија, но се сели во Леванте

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе го напушти тимот на Валенсија и ќе се пресели во градскиот ривал Леванте, клуб кој оваа сезона се врати во шпанската Примера.

​Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, со очекување дека ќе биде прв голман по трансферот на Георги Мамардашвили во Ливерпул. Сепак, грузискиот голман остана на позајмица уште една сезона, поради што Димитриевски имаше мала минутажа.

​Откако Мамардашвили и официјално замина, Валенсија на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, со што стана јасно дека Димитриевски ќе бара нов клуб.

​Договорот меѓу Димитриевски и Леванте се очекува да биде официјализиран во наредните денови.