Стопанската комора формира кризен штаб за помош на „Макпрогрес“

Стопанската комора денеска соопшти дека активно се вклучила во справувањето со последиците од вчерашниот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“. Од Комората најавија формирање кризен штаб заедно со сопственикот на фабриката, Глигор Цветанов, со цел да се нормализираат состојбите.

​Претседателот на Комората, Бранко Азески, бил информиран за пожарот околу 19:20 часот и веднаш ја алармирал Владата, која ги дала потребните наредби за справување со огнената стихија. И покрај брзата интервенција, три клучни погони се целосно уништени.

​Стопанската комора изрази жалење за трагедијата, посочувајќи дека „Макпрогрес“ е една од најуспешните извозни компании во земјата и истакнат член на Комората. Од таму додаваат дека и други компании-членки помогнале во гаснењето на пожарот.