Струмица го почитува храброто срце: Пожарникарите со неверојатни 80.000 денари плата!

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, објави дека струмичките пожарникари од септември ќе добијат покачување на платата на 80.000 денари, со што ќе бидат најплатени пожарникари во земјата.

​Костадинов истакна дека ова е заслужена награда за нивната храброст и пожртвуваност.

​„Тоа е најмалку што можеме да направиме за луѓето кои секојдневно го ризикуваат сопствениот живот за да спасат туѓ“, наведе градоначалникот, додавајќи дека оваа одлука не е само финансиска, туку е симбол на почит и вреднување на нивниот чесен труд.

​Во исто време, Костадинов најави дека сите вработени во општинската администрација ќе добијат 20% зголемување на платите, согласно колективниот договор.

​„Тоа е порака дека трудот и посветеноста во служба на граѓаните не остануваат незабележани“, рече тој.

​Градоначалникот нагласи дека секој пожарникар и вработен во општината треба да знае дека нивниот град стои зад нив, со благодарност и со дела што траат.