Студентите од Нови Сад најавуваат голем протест и блокада на улици

Студентите од Нови Сад најавија голем протест и блокада на улици, кои ќе се одржат утре, 5 септември. Протестот е закажан на раскрсницата на улицата Стражиловска и Булеварот Цара Лазара, каде во понеделникот полицијата со шок-бомби и палки ги бркаше студентите и граѓаните по комеморативна прошетка.

​Овој собир се организира како директна реакција на кршењето на универзитетската автономија и на зголемената полициска бруталност.

​Студентите ги повикаа сите свои колеги и граѓани од цела Србија да им се придружат.

​„Србија, дали добиваме новости? Се гледаме во петок!“, порачаа студентите, а на нивниот повик набрзо се приклучија и студенти кои блокираат факултети низ земјата, како и разни граѓански здруженија.

​Недалеку од местото на протестот се наоѓа и Филозофскиот факултет, каде полицијата е присутна дење и ноќе веќе осум дена.