Како одговор на полициската репресија во Нови Сад, студентите најавија протест пред Владата на Србија во Белград, кој ќе се одржи во понеделник, 8 септември, во 14 часот.
Протестот ќе се одржи под слоганот „Индексот е посилен од пендрекот“.
Според објавата на нивниот Инстаграм-профил, протестната рута ќе започне пред Владата, ќе продолжи кон Палатата на правдата и зградата на Единицата за обезбедување на одредени личности и објекти, а ќе заврши пред Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.