Групата „Студенти во блокада“ на социјалните мрежи најави нови протести во неколку градови низ Србија. Собирите се организираат по дводневните судири меѓу демонстрантите и поддржувачите на Српската напредна партија (СНС).
Белград: 19:30 часот, кај зградата на Генералштабот, на кружниот тек во близина на Општина Нови Белград и кај Автокоманда.
Нови Сад: 19:45 часот, пред просториите на Безбедносно-информативната агенција (БИА).
Крагуевац, Краљево, Лозница, Шабац: 19:30 часот, на главните плоштади и пред гимназиите.
Ужице: 20:00 часот, пред Градското собрание.
Ниш: 21:00 часот, локацијата допрва ќе се прецизира.
Собири се планирани и во многу други градови низ Србија, а сите детали може да се најдат на профилите на „Студенти во блокада“.
Во изминатите две вечери, во повеќе градови имаше судири, во кои поддржувачите на СНС користеа пиротехнички средства, а неколку лица беа повредени. Полицијата интервенираше, а според извештаите, повредени се и припадници на полициските сили.