Владата на САД вчера објави имиграциска операција во Чикаго, наречена „Операција Мидвеј Блиц“, што предизвика остар судир со локалните демократски лидери.
Одделот за внатрешна безбедност (ДХС) објави на „Х“ дека операцијата е насочена кон „криминални нелегални странци“, но не даде дополнителни детали за начинот на кој ќе се спроведат рациите.
Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, остро реагираше, изјавувајќи дека градот не бил однапред информиран за акцијата. Тој посочи дека се против „милитаризирана имиграција без соодветна постапка“, обвинувајќи ја агенцијата Имиграциска и царинска контрола (ICE) за приведување на американски граѓани и кршење на човековите права.
Гувернерот на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за застрашување на граѓаните.
Овој потег доаѓа по низа тензии, во кои Трамп сподели фотографија на својата социјална мрежа, генерирана од вештачка интелигенција, што го прикажува Чикаго во стил на воен филм.