Судија убиен во Апелациониот суд во Тирана: Напаѓачот пукал додека се читала пресудата

Трагичен инцидент се случи денеска во Апелациониот суд во Тирана, кога судијата Астрит Калаја беше смртно застрелан додека ја извршуваше својата работа. И покрај тоа што веднаш беше пренесен во Клиниката за трауматологија, судијата им подлегна на повредите.

​Напаѓачот, идентификуван како Ѓан Шкемби, испукал три куршуми во судијата веднаш штом тој почнал да ја чита одлуката во неговиот случај. Во инцидентот биле ранети и две други лица, татко и син, кои се надвор од животна опасност.

​Судијата Калаја го водел спорот за сопственост на поранешна училишна зграда во Скадар, каде што живееле 31 семејство. Семејствата поднеле тужба дека Шкемби со фалсификувани документи станал сопственик и ги принудувал да го напуштат објектот.

​Се истражува како сторителот успеал да мине низ неколку безбедносни проверки и метал детектори пред да го изврши нападот.