Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денес оствари официјална средба во Тирана со премиерот на Албанија, Еди Рама. Ова е прва средба меѓу двајцата по заминувањето на Таравари од министерската функција и по последната изборна победа на Социјалистичката партија во Албанија.
Средбата помина во позитивен дух, а Таравари ја сподели и на социјалните мрежи, придружувајќи ја со фотографија и опис: „Со најевропскиот премиер во моментов, или како што се вели насекаде во последно време: со Еди.“
Средбата се толкува како продолжување на добрата комуникација меѓу политичките лидери од двете земји, особено во период кога се очекуваат важни политички трансформации и договори поврзани со евроинтеграциите и регионалната соработка.