Тежок удар за Партизан: Карлик Џонс ја скрши коската на стапалото, ќе паузира три месеци

Кошаркарскиот клуб Партизан, иако синоќа го победи ФМП во АБА лигата по продолженија (109:103), се соочи со сериозен проблем откако плејмејкерот Карлик Џонс се повреди во финишот на натпреварот. Според „Моцартспорт“, американскиот кошаркар ќе паузира три месеци, со што практично заврши со кошарка за оваа календарска година.

​Џонс веднаш по завршувањето на натпреварот бил однесен на медицински тестови, а снимката покажала скршеница на петтата метатарзална коска на стапалото. Оваа повреда бара подолга пауза за рехабилитација.

​Проблемот за тренерот на Партизан е уште поголем бидејќи од претходно е повреден и Шејк Милтон, друг клучен играч на плејмејкерската позиција, за кого сѐ уште не е познато кога ќе се врати во тимот. Повредите на двајцата плејмејкери претставуваат сериозен удар за амбициите на клубот во натпреварите кои претстојат во Евролигата и АБА лигата.