Температурен бран од 8 до 13 август: Министерството за здравство со препораки

Министерството за здравство ги известува граѓаните дека според најновите податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 8 до 13 август 2025 година, Македонија ќе биде зафатена од топлотен бран, со дневни температури кои можат да достигнат и до 39°C во одредени региони.

Во таа насока, се апелира на строго почитување на општите мерки за заштита од високи температури:

  • Престој во разладени простории, особено од 11:00 до 17:00 часот
  • Зголемен внес на течности, без алкохол и засладени пијалаци
  • Лесна и светла облека, заштита за глава и очи
  • Избегнување физичка активност во најтоплите часови
  • Посебно внимание на деца, стари лица, хронично болни и бремени жени
  • При симптоми како вртоглавица, гадење, главоболка или забрзан пулс – веднаш побарајте лекар
  • Одложување активности на отворено
  • Одржување температура до 25°C во работни и домашни простории

Министерството напомена дека редовно ја следи состојбата и ќе реагира навремено со дополнителни мерки доколку е потребно.