Тетово без вода: Оштетена главната водоводна линија Лешница, се сомничат непознати лица

Снабдувањето со вода за пиење во Тетово денеска е прекинато откако е оштетена главната водоводна линија Лешница, информира ЈКП „Шар“. Според јавното претпријатие, штетата е предизвикана од непознати лица кои користеле остри алатки за да ја оштетат мрежата.

​Екипите на ЈКП „Шар“ веднаш излегле на терен и работат со полн капацитет за да го санираат дефектот и што поскоро да го нормализираат водоснабдувањето.

​„Нашите екипи се ангажирани без прекин со цел што побрзо нормализирање на водоснабдувањето,“ наведуваат од ЈКП „Шар“, апелирајќи до граѓаните да покажат разбирање додека траат поправките.

​Од претпријатието уверуваат дека водоснабдувањето ќе биде воспоставено веднаш по санацијата на оштетената линија.