Тешка сообраќајка во Геге – пешак загина на лице место

Денеска околу 14 часот на улицата „Шарпланинска“ во скопската населба Геге, се случи тешка сообраќајна несреќа во која мотоциклист удрил во пешак.

За жал, пешакот починал на лице место од здобиените повреди. Според првичните информации, околностите под кои се случила несреќата сè уште се утврдуваат.

На терен излегла полициска екипа која извршила увид, а се очекуваат повеќе детали во текот на денот.