Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. На средбата се разговараше за блиската соработка меѓу двете земји, со цел зајакнување на институциите и модернизација на системот за поефикасно справување со криминалот и корупцијата.
Тошковски истакна дека партнерството со САД е клучна поддршка за реформите во Министерството за внатрешни работи, со цел да се создаде попрофесионална и поефикасна полиција.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните“, наведе министерот.