Трагедија во Италија: Воен авион падна, загинаа двајца пилоти

​Воен авион од типот Т-260Б исчезнал од радарите и подоцна бил пронајден од хеликоптер на противпожарната служба и воздухопловните сили на Италија во близина на Сабаудија, пренесе агенцијата АНСА.

​За жал, во несреќата загинале двајцата пилоти кои се наоѓале во авионот.

​Еден од загинатите е полковник Симоне Метини (48), додека другиот пилот бил на обука, соопштија италијанските воздухопловни сили. Авионот припаѓал на 70-то крило во Латина и извршувал рутински лет за обука.

​Причината за падот сѐ уште не е утврдена, а италијанските служби продолжуваат со истрагата за причините на трагедијата.

​Министерот за надворешни работи, Антонио Тајани, изрази сочувство: „Длабоко сум ожалостен поради загубата на двајца припадници на италијанските воздухопловни сили. Моите мисли се со семејствата на жртвите.“