Трагична сообраќајка на патот Ресен – Битола: Загинаа две лица

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Ресен – Битола, кај месноста Макази. Од СВР Битола потврдуваат дека првата жртва е 52-годишен битолчанец кој живеел во Германија, додека втората е 20-годишно момче од Охрид, родено во 2005 година.

​Според полицискиот извештај, несреќата се случила во 13:09 часот, помеѓу автомобил „мерцедес“ со странски регистарски таблички, управуван од 52-годишниот битолчанец, и возило „опел“ со охридски таблички, во кое биле две лица на возраст од 20 години.

​Возачот на „мерцедесот“ починал на лице место, додека 20-годишното момче од „опелот“ им подлегнало на повредите во Клиничката болница во Битола.

​Еден од автомобилите целосно изгорел. Според неофицијални информации, несреќата се случила додека возилата претекнувале дури и во третата лента.